Челзи плаќал за да прикрие сексуално злоставување!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челзи, денес 57-годишен Гери Џонсон тврди дека „сините“ му платиле 50.000 фунти за да молчи за сексуалното злоставување во клубот.

Џонсон во разговор за „Мирор“ откри дека бившиот скаут и тренер на клубот Еди Хит, со години сексуално го злоставувал млади фудбалери, поради што раководството на клубот му платило 50.000 за да молчи.

„Чувствував срам, чувствував како да ми е одземено детството. Ги поминав тинејџерските години во потполен немир. Мислам дека Челзи ми плати за да се сокрие ситуацијата. Милиони навивачи ширум светот го гледаат клубот, кој е еден од најбогатите на светот. Тие навивачи заслужуваат да ја знаат вистината. Платија многу за да молчат. Се надевам дека клубовите нема да дозволат ова да биде неважно. Никој не смее да ја избегне правдата“, истакна Џонсон.

Челзи истакна дека најмиле адвокатска фирма за да ги истражи некогашните вработени, а оваа недела се повлече клаузулата од договорот со Џонсон која му забранува да зборува за деталите кои се проширија во јавноста.

„Хит злоставуваше најмалку тројца млади фудбалери. Кога ги игравме летните натпревари, секогаш беше во соблекувалната, не мислевме многу за тоа тогаш, но се зборуваше дека треба да бидеме внимателни со него. Со 12 години тоа и не знаеш што значи. Бев премногу млад. Дојде кај мене и се запозна со моите родители, ги прашуваше за дозвола да ме земе со себе на натпревари, и така започна се“, раскажуваше некогашниот играч на лондоснкиот тим.

Скандалот за сексуалното злоставување на млади фудбалери веќе неколку дена го тресе Островот, а полицијата потврди дека се јавиле околу 350 жртви на британските клубови.