Челзи очајно бара напаѓач – следна цел е Бензема


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Челзи Маурицио Сари не е задоволен од напаѓачите кои ги има на располагање и во зимскиот преоден рок сака по секоја цена да донесе еден врвен напаѓач.

Мората и Жиру имаат проблем со реализацијата, а со оглед на фактот дека трансферите на Кавани и Игуаин се тешки за реализација, сега „сините“ имаат нова цел.

Станува збор за Карим Бензема, за кого веќе подолго време се шпекулира дека може да го напушти Реал Мадрид.

Ако се реализира овој трансфер, тогаш Алваро Мората сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ и ќе биде испратен на позајмица во Севиља.