Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелниот англиски шампион може да остане без својот голман, Тубо Куртоа, па поради тоа раководството веќе започна со потрага по негова замена.
25-годишниот Белгиец на маса има понуда за нов договор вреден 200.000 фунти неделно од страна на „сините“, но тој се уште нема ставено потпис и размислува за заминување од „Стенфорд Бриџ“.
Куртоа сака да се врати во Шпанија, каде клубовите од Мадрид, Реал и Атлетико го чекаат со раширени раце, па Челзи очигледно се спрема за разделба.
Англиските медиуми тврдат дека „сините“ ќе се обидат да го ангажираат голаманот на Стоук, Џек Бутланд. Чуварот на мрежата на англиската репрезентација важи за еден од најталентираните на Остривот и најверојатно тој ќе биде замена за Куртоа.
Сепак, тимот од „Стенфорд Бриџ“ сака прво да види како ќе се развива ситуацијата со Куртоа, а конечната одлука ќе биде донесена на крајот на сезоната.