Челзи – Манчестер Јунајтед: најава, анализа и предлог тип


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Лондон ќе се одигра најпривлечниот натпревар од 11-то коло во Премиер Лигата, Челзи – Манчестер Јунајтед . Домаќините се фаворити за победа според фудбалските експерти и букмејкерите, но се наоѓаат во променлива форма. Јунајтед пак нема победа против првите шест тима на табелата веќе две години и сега навивачите бараат три бода. Во секој случај, ова ќе биде еден крајно неизвесен и тврд натпревар, пишува специјализираниот сајт за обложување Kladenje.mk.

Шампионите се подалеку од одбрана на титулата

Несомнено, враќањето на Конте во Италија во средата беше голем личен удар за шефот на Челзи по катастрофалниот пораз од Рома. Сезонава овој тим не е истиот од лани, тиот кој ја освои титулата во Премиер Лигата. Конте пак не може да го најде одговорот на негативната промена. Можеби одговорот лежи во густиот распоред и фактот што минатата сезона Челзи немаше европски натпревари. Конзистентноста и стабилноста во тимот останаа, но во последниве неколку недели тие беа недоволни за Челзи. Екипата прими дури 11 гола во последните шест натпревари во сите натпреварувања. Изгубија три од последните седум натпревари и тоа е крајно невообичаено за Конте. Недоследноста на Челзи најдобро се гледа во деветте поени заостанување од Манчестер Сити. Затоа сега букмејкерите за одбрана на титулата на Челзи доделија коефициент од дури 28.00 во Bet365. За овој меч најдобриот коефициент за победа на Челзи е во Unibet и е 2.50. За реми најдобриот коефициент е 3.20 и тоа во Pinnacle.

Канте се враќа во вистинско време, време е за гол на Мората

Челзи е поттикнат од враќањето на Н`Голо Канте во средниот ред, но сега бекот Аспиликуета се жали на повреда. Останува да се види дали Конте ќе се врати во старата форма по паузата поради повреда и дали тоа ќе биде доволно за подобри резултати. Се виде дека тој и фали на екипата и во секој случај ќе биде големо засилување за тимот. Сепак не се знае колку е подготвен во моментов и дали е спремен за 90 минути. По шест натпревари без гол, Алваро Мората е во очајна потреба за погодок, а сега е инспириран бидејќи се соочува со Жозе Мурињо, кој го тренираше во Реал Мадрид.

Мурињо никако да победи на гости против конкурентите

Манчестер Јунајтед освои два трофеи во првата сезона на Жозе Мурињо и нема сомнеж дека направија големи чекори оваа сезона. Сепак, ако тие сакаат…
ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА КЛАДЕЊЕ.МК