Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку дена португалските медиуми пренесоа дека Манчестер Јунајтед започнал преговори за младата ѕвезда на Порто Едер Милитао.
Меѓутоа, денес „А Бола“ пренесува дека во трката за негов потпис се вклучил и големиот ривал на „црвените ѓаволи“, тимот на Челзи.
Скаутите на Јунајтед веќе подолго време ги следат настапите на Милитао и наводно стапиле во контакт со неговиот агент Киа Јорабчијан за да преговараат за негов евентуален трансфер на „Олд Трафорд“.
„А Бола“ пренесува дека Порто веќе ги поставил условите за трансфер и секој кој што го сака фудбалерот ќе мора да искешира 50 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари е воодушевен од квалитетот на овој 20-годишен фудбалер, па „сините“ се спремни да ја активираат откупната клаузула.
Едер Милитао е централен дефанзивец и важи за еден од најперспективните во Европа, иако може да игра и како дефанзивен играч за врска. Во Порто пристигна ова лето од Сао Паоло за 4 милиони евра и веднаш импресионираше со своите настапи.
Притоа, во септември дебитираше и за бразилската репрезентација, па останува да видиме кој од двбата клуба ќе победи во траката за неговиот потпис.