Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Хофенхајм, Никлас Зуле и сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“ во јануари.
Овој 21-годишен дефанзивец игра одлично во дресот на Хофенхајм и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а неодамна дебитираше и за германската репрезентација.
Антонио Конте смета дека Германецот ќе биде идеален за неговиот систем на игра бидејќи Зуле во Хофенхајм игра во линија со три дефанзивци.
Сепак, Челзи ќе треба да се избори со конкуренцијата, пред се Баерн Минхен, кој исто така е заинтересиран за Зуле бидејќи тимот на Анчелоти има проблеми во дефанзивата.
Хофенхајм игра одлично оваа сезона и брка настап во Европа, па тешко дека ќе се откаже од својата ѕвезда за сума помала од 20 милиони евра.