Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Челзи е спремен да го продаде Диего Коста и на негово место да донесе двајца извонредни напаѓачи на „Стенфорд Бриџ“.
Во зимскиот преоден рок многу се пишуваше за заминувањето на Диего Коста во Кина, а тоа би можело да се оствари на лето.
„Сан“ пренесува дека раководството на Челзи нема да се буни на неговото заминување и дека со парите од продажбата планира враќање на Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“, а со остатокот од парите сака да го доведе Алваро Мората од Реал Мадрид.
Оваа сторија добива додатна тежина со оглед на фактот дека Лукаку е одлучен да го напушти Евертон и ја отвори вратата за враќање на „Стенфорд Бриџ“.
За овие двајца напаѓачи лондонскиот клуб би тревало да потроши нешто повеќе од 100 милиониевра, а поголем дел од таа сума ќе ја финансираат со продажбата на Диего Коста.