Челзи го краде италијанскиот „бисер“ пред носот на гигантите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челзи веќе ја започна потрагата по замена за Фабрегас, а на врвот на листата желби е италијанскиот „бисер“, Николо Барела.

Тренерот Сари нема да жали пари за да го донесе својот сонародник на „Стенфорд Бриџ“, па веќе спремил 50 милиони евра, колку што бара Каљари за неговиот потпис.

Барела важи за еден од најголемите таленти на Апенините, веќе стана и италијански репрезентативец, па за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Готово сите големи италијански клубови се „тепаат“ за неговиот потпис, а „Скај Спорт“ пренесува дека Челзи е спремен да го украде играчот за врска пред носот на италијанските гигнати.