Челзи го „краде“ Алисон пред носот на Ливерпул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ливерпул беше првиот клуб кој испрати официјална понуда за голманот на Рома, Алисон. Меѓутоа, Челзи влегува ви траката за голманот и е спремен да лецитира.

Вчера „црвените“ испратија официјална понуда од 70 милиони евра за Алисон со вклучени бонуси. Раководството на Рома се уште нема дадено одговор на понудата бидејќи бараат најмалку 75 милиони евра.

Сега Челзи е спремен да испрати повисока понуда од „црвените“, односно да ги плати бараните 75 милиони евра, пренесува „Скај Италија“.

Во моментов Ливерпул е во предност и може да го комплетира трансферот во следните неколку дена, но „сините“ нема да се откажаат и се спремни на наддавање во кои ќе понудат и 80 милиони евра.