Спорт

Чекор подалеку: Натпревар од француската прва лига можеше да се следи од – џакузи! (видео)

jakuzi

Каен и Лион во петото коло од француската лига 1 ремизираа 2:2.

Сепак и покрај тоа што на оваа средба видовме дури четири погодоци она што го обележи натпреварот и за што се пишува во светските медиуми по завршувањето на истиот е – џакузито!

На оваа средба во аголот на теренот беше поставено џакузи од каде што двајца фанови уживаа и го следеа натпреварот.

Минатата година Баерн претстави луксузен апартман на „Алијанц Арената“ од каде што корисниците на истиот можат директно да го гледаат натпреварот, но Каен овој пат отиде чекор подалеку.

Дали ова ќе стане честа пракска или во прашање е само повремен маркетинг на клубот ќе покаже времето, но сигурно дека на најверните навивачи на клубот не им се допаѓаат ваквите идеи кои со себе ги носи „модерниот“ фудбал.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top