Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чешка отсега за луѓето од англиското говорно подрачје ќе биде позната како Чехија, пренесува Independent.
За разлика од повеќето европски земји чие име се состои од еден збор, Чешка на наглиски имаше само „подолга верзија“, односно се викаше Czech Republic.
Сега ќе биде позната како Czechia (Чехија) за луѓето од англиското говорно подрачје, според британскиот Одбор за именување на географските поими надвор од Британија.
Измената е одобрена уште во април, но дури сега влезе во употреба. На германски ќе биде позната како Tschechien, а на Француски како Tchequie.
Иако државата и понатаму официјално се вика „Република Чешка“, сега практичо има и официјален надима.