Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, предизвика реакција во грчките медиуми кога за време на заедничката прес конференција со неговиот македонски колега, Никола Димитров, кој е во работна посета на Анкара, рече дека Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име, пренесува „Катимерини“.
„Ние имаме силни врски со Македонија кои што траат од пред многу векови. Врски кои што се силни благодарение на политичките релации. Сакам да кажам дека овие денови нашите политички релации се одлични. Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име“, истакнал Чавушоглу без да даде дополнителни појаснувања.