Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обвинителството верува во информациите на полицијата дека Чавков се подготвувал за бегство. Обвинителката Вилма Русковска смета дека не треба да се правадаат за притворот бидејќи бил побаран по сознанија на Бирото за јавна безбедност.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 оценил дека наводите во предлогот се издржани и го прифатил одредувајќи ја побараната мерка“, велат од обвинителството.
Првиот човек на МВР не открива детали за сознанијата кои за Чавков ги прибавиле вработени во единицата „Алфи“.
За семејството на Чавков, одредувањето притвор заради сомнеж од бегство е брутална тортура од властите.. Поради ова бараат случајот да го разгледа дипломатскиот кор во државата..
„Најостро демантирам дека татко ми или моето семејство поседува било каков имот во соседна Грција и сето наведено е една груба лага, која има за цел оправдување на политичкиот притвор“, напиша на Фејсбук ќерката на Чавков.
Екс директорот на БЈБ од синоќа е во притвор по барање на обвинителството.. Според судското решение за одредување на мерката, Бирото за јавна безбедност имало информации од близок пријател на Чавков дека тој подготвува бегство.
Инаку Митко Чавков, пресудата за случајот 27 април во кој е шетообвинет, треба да ја слушне задутре.. Пред судот одговара за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Извор: Сител