Актуелно

Чавков тврди дека го молеле да биде раководител на оперативниот штаб

Лично го предложив заменик директорот на БЈБ за раководител на оперативниот штаб, но тој молел и преку министерот за внатрешни работи успеал да издејствува на тоа место да дојде Митко Чавков, изјави Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.

Раководител на оперативниот штаб да бидам јас, како директор на БЈБ, иако од принципиелни причини, знаејќи со што се се соочуваме во овие чувствителни периоди за нашето општество, сакав да елиминирам било каков простор за дискредитација или за злоупотреба на некои околности во МВР. И од тие причини го предложив заменикот директор да биде раководител на оперативниот штаб. Лично ме молеше неколку дена и практично тоа преку министерот успеа да го издејствува, после 7 дена да ме стават мене за раководител на оперативниот штаб. Но, како и да е, не сум бегал од одговорности, изјави Чавков во вестите на Сител.

Чавков тврди дека ниту една информација, ниту пишана, ниту усмена не е доставена до оперативниот штаб, за можни закани, за можни ризици од  нарушување на јавниот ред и мир.

Advertisements
To Top