Чавков доживеал инфаркт, на Кардиологија му е вграден стент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екс директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт. По извршена интервенција на негово барање Чавков ја напуштил клиниката по неколку часа.

Директорот на скопската Клиника за кардиологија Беким Поцеста во изјава за медиумите потврди дека екс директорот на Бирото за јавна бвезбедност, Митко Чавков вчера во текот на денот бил примен кај нив на клиника, откако претходно доживеал инфаркт.

„Пациентот кај нас вчера беше донесен од струмичката болница. Тој е третиран како и секој друг пациент, извршена му е интервенција стентирање и после по негово барање ја напушти клиниката и замина на лекување во приватна болница“ истакна Поцеста.