Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез даде свое видување за престојното финале во ЛШ и откри за кого ќе навива.
Во овогодинешното финале во Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат Јувентус и Реал Мадрид, па Чави како и секогаш отворено призна за кого ќе навива.
Иако има многу пријатели во тимот на „кралевите“ Чави потврди дека ќе навива за „старата дама“, а како причина го наведе Џанлуиџи Буфон.
„Мислам дека Јувентус ќе ја освои ЛШ, и сакам тоа да го направат за Буфон. Ќе навивам за нив ќе биде прва титула за Буфон во ЛШ. Финалето е секогаш 50/50, ама сакам Јуве да слави за Џиџи“, изјави легендарниот Чави.