Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На аукцијата за „гангстери, адвокати и чувари на законот“ која беше одржана овој викенд во Бостон, за повеќе од 100.000 долари, беа продадени атрефакти поврзани со еден од најпознатите гангестери на американската нација.
Дијамантски џебен часовник произведен во Чикаго во 1920-те години кој му припаѓал на Ал Капоне беше продаден за 84.375 долари, додека ракопис со музичка композиција која ја напишал лично Капоне во Алкатраз во 1930-те години е продаден а 18.750 долари.
Идентитетот на лицето кое го купи часовникот не е познато, а претседателот на аукциската куќа, Боби Ливингстон, изјави дека станува збор за колекционер на интересни американски артефакти.
Во изјава за Associated Press, Ливингстон откри дека не е изненаден што музичката композиција била продадена, бидејќи иако Капоне е најпознат по својот организиран криминал, неговиот музички талент „одекнува во американската фантазија“.
„Неговата умзика дава увид во тоа кој бил тој. Го хуманизира и покажува дека бил креативен. Тие луѓе биле талентирани, но својот талент, за жал, го користеле во криминални води“, изјави тој.
На аукциајта е продаден и налогот за апсење на озлогласениот пар Бони и Клајд, како и писмото од Бони Паркер до Клајд Бероу непосредно пред неговата смрт. Писмото е продадено за 16.250 долари, а налогот за апсење за 8.125 долари.
На аукцијата учествувале 30 понудувачи, а биле присутни и роднините од Клајд, Бади Бероу, Бони Паркер и Риа Лин Линдер.
„Го прашав Бони Бероу што би мислел Клајд за аукцијата, а тој ми рече дека верува оти би го советувал да заработи што е можно повеќе пари“, изјави Ливингстон.