„Чао“ за маските? КЗБ даде предлог за укинување на задолжителното носење на истите во затворен простор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комисијата за заразни болести препорача Владата да ја укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор.

Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни. На сите останати затворени места и објекти граѓаните нема да мора да носат маски, освен ако тоа не е нивна желба.

„Моменталната епидемиолошка состојба ни овозможува да препорачаме олабавување на мерките. Препорачуваме да се укине задолжително носење маски во затворен простор. Иако обврската се укинува, сепак алелираме постарите и хронично болните да носат маски кога одат во затворени објекти“, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Исто така, на денешната седница на Комисијата е донесена препорака повеќе да не се следат контактите кои ги имале позитивните лица ниту за нив да се одредува изолација.

За да стапат на сила, препораките на Комисијата за заразни болести треба да ги одобри Владата на седница.