Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според изјавите од официјалните лица на МЕПСО, поради застареност на мебелот во компанијата, кој бил стар 20 години, а оној кај директорот 12 години, решиле да го обноват тој дел од компанискиот ентериер. Меѓу набавките има и 39 фотелји обложени со природна телешка кожа чија цена изнесува 14.000 евра. Од МЕПСО тврдат дека тие фотелји нема да бидат наменети за директорите, туку за гости, пренесува 24.мк.
Менаџментот не гледа луксуз во набавката на мебел вредна 212.000 евра. Се правадаат дека мебелот бил стар 20 години, а тој кај директорот 12. При тоа тврдат дека ги намалиле трошоците, па наместо планираните 500.000 евра, колку што биде предидени пред три години, ја препловиле сумата.
Првично, на информацијата која ја пренесе 24.мк за набавка на 39 фотелји од природна телешка кожа, МЕПСО испрати демант. На почетокот тврдеа дека не набавиле фотелји од природна телешка кожа. Потоа се „премислија“ и објаснија дека сепак набавуваат фотелји од природна телешка кожа, но за состаноци и прием на странки.
„Клуб фотељите кои се третирани во прилогот се набавени во јавна и транспарентна тендерска постапка заедно со клуб маси како гарнитури за седење и се наменети исклучиво за состаноци и за прием на странки .“- стои во демантот на МЕПСО.
Во спецификацијата при објавувањето на тендерот која ја посочува МЕПСО има детали какви се фотелји бараат да набават. Пишува дека бараат дел да се од природна кожа.
ТВ 24 објави дека цените на кожните фотелји варираат – најскапите од 500 евра се наменети за кај генералниот директор Сашо Василевски. За неговата канцеларија се предвидени 5 кожни фотелји за кои МЕПСО ќе плати 2.500 евра.
Во договорот со „Леснина Ми“ вреден 212.000 евра МЕПСО покрај фотелји набавува и канцелариски мебел, кујни, комоди, закачалки за новата зграда.