Спорт

Чаби Алонсо заминува меѓу легендите – става крај на богатата кариера!

Еменинтниот германски весник „Билд“ пренесува дека дека Чаби Алонсо веќе донел одлука и ја игра својата последна сезона како професионален фудбалер.

На Алонсо му истекува договорот со Баерн на крајот на сезоната, па после разговорот со челниците на клубот одлучил да стави крај на кариерата.

Шпанскиот играч за врска веќе има 35 години, а во кариерата освои се што можеше да се освои – два пати ја освои Лигата на шампиони, Светско и Европско првенство со Шпанија, Примера, Бундес лигата…

Во својата богата кариера Алонсо ги носеше дресовите на Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн.

Advertisements
To Top