Претстава „Делириум Тременс“ работена во копродукција помеѓу „Театарска Работилница“ и театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена на престојниот фестивал за монодрама „Алба Моно“ во Корча, Албанија на 30 Мај. Текстот, напишан од Благоја Ристески – Платнар или македонскиот Шекспир како што неретко го нарекуваат, својата премиера, воедно и праизведба ја доживеа на фестивалот за монодрама во Битола пред еден месец. …