Гробот на легендарниот султан на Османското царство, Сулејман Величествениот, во кој се наоѓа неговото срце, речиси сигурно е откриен во Унгарија, каде починал во 1566 година, изјави унгарски истражувач во средата, по ископувањата кои започнаа во октомври годинава. Султанот Сулејман Величествениот починал во 1566 година на 71 година по битката кај Сигетвар, недалеку од денешната граница меѓу Унгарија и Хрватска. …