Бутарис порача: Солунскиот аеродром „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис изјави дека би требало да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија”.

„Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, нѐ подели нас“ и од тоа сите губиме“, рече Бутарис во изјава за грчката ТВ Скај, пренесува МИА.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и сѐ поголемото турско влијание во регионот.

Тој оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолговлекување би одело на штета на Грција.

„Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО“, изјави Бутарис.

По бурните реакции, Бутарис се правда дека изјавата за аеродромот во Солун била погрешно пренесена

По бурните реакции во грчката јавност, солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на вонредна прес-конференција рече дека неговата изјава за преименување на аеродромот „Македонија“ во Солун била погрешно пренесена.

„Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот“, рече Бутарис и додаде дека неговите ставови што ги изнел на синоќешниот состанок не биле објавени во целост, туку само еден дел.

Во врска, пак, со изјавата во емисијата на грчката телевизија „Скај“, Бутарис рече дека тој спиел кога му се јавиле.

„Утрово ми се јавувија од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, рече Бутарис.

Тој изјави дека аеродромот „Македонија“ во Солун може да го носи името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис, кој е единствената глобално призната грчка личност, влезена и на „Булеварот на славните“. Тој рече и дека патниците се збунети, бидејќи кога се приземјуваат на аеродромот во Солун сметаат дека доаѓаат во Македонија.