Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Филипе Кутињо вчера за прв пат се појави во соблекувалната на Барселона и наиде на добар приен кај голем број од играчите, но не кај сите.
Бразилецот моментално е повреден, ќе дебитира за 20 дена, а бидејќи нема право на настап во ЛШ ќе игра само во мечевите од домашното првенство.
Сепак, одредени шпански медиуми пишуваат дека не се сите среќни поради доаѓањето на Кутињо и неговата плата од 14 милиони евра.
Така, „Диарио Гол“ тврди дека Иниеста не се ни поздравил со Кутињо, што наведува на фактот дека е незадоволен од доведување на играч кој во догледно време може да му го земе местото во тимот.
Иниеста го продолжи договорот на уште една година, но медиумите веруваат дека тоа е само симболичен потег и дека на лето ќе го напушти „Камп Ноу“ во потрага за поголема минутажа.