Буревесник: КОГА ЛИЛА ЛАЖЕ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Новинарот Зоран Божиновски преку Фејсбук страницата на неговиот медиум „Буревесник“ изнесе серија обвинувачки податоци со кои тврди дека сведочењето на Лила Филиповска во рамки на случајот „Рекет“ било целосно лажно, а понуди и материјални документациски докази за наводен трансфер на 250.000 евра на нејзина сметка за кои открива како биле префрлени, извадени и каде наводно завршила оваа дебела сума на пари. Во продолжение целосниот текст како што е изворно пренесен на „Буревесник“.

„Колку што јас се разбирам од сведочења во кривични предмети, а подоста се разбирам бидејќи последните години се изнаслушав сведоци што лажат, денешното сведочење на процесот од предметот ,,РЕКЕТ,, на ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА беше ЛАЖНО. А за лажно сведочење таа била предупредена пред да почне дека може да заглави затвор. Од сведочењето слушнавме дека популарната водителка и ИНФЛУЕНСЕРКА (ма што тоа да значи!), била донаторка на ,,1ТВ,, со 25.000 евра, а и позајмила 500.000 денари на БОКИ 13.

Вистината ја допрев во моето трагикомично гостување на ,,1ТВ,, кое требаше да личи на тв дуел меѓу мене и БОКИ 13, ама тој непримерено се возбуди при спомнување на трансферот помеѓу правното лице ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА, од 250.000 евра, па не ми дозволи повеќе да зборувам. Станува збор за НЕЗАКОНСКИ трансфер на пари, по договор ОДУ бр 385/2017 од 12 јуни 2017 година. СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА успеала претходно да ги измами сопружниците Даниел и Ена Норнилд, како нивно заштитно лице, да инвестираат 250.000 евра во проекти од ЕУ, слични на оние кои требало да бидат работени со СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ама се изјаловија. За овие инвестирани средства, сопружниците НОРНИЛД како градежници, за шест месеци требало да добијат проект вреден 3.058.000 евра, а провизијаод заработката требало да заработат ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА и СТЈЕПАН од Хрватска, за кој претпоставувале дека е БОКИ 13.

Криминалот се состои во тоа што ЛИЛА ФИЛИПОВСКА СТОЈАНОВСКА на 21 јуни 2017 во 16 и 18 минути, примила трансфер на лична сметка во СТОПАНСКА БАНКА Скопје, во износ од 13.500.000 денари, од правното лице ,,ДАН МАК,, Скопје, со сметка во СИЛК РОАД банката. НИТУ ЕДНА, ама баш ниту една институција во Република Македонија НЕ РЕАГИРАЛА на идната трансакција направена само 70 минути подоцна, кога во 17 28 часот ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА комплетниот износ од 13.500.000 денари го подигнала ВО ГОТОВО, а благајникот во СТОПАНСКА БАНКА Скопје во рок веднаш овој мега денарски износ и го конвертирал во ЕВРА. И исплатил на рака:

400 апоени од по 500 евра = 200.000 евра

90 апоени од по 200 евра = 18.000 евра

2 апоени по 100 евра = 200 евра

1 апоен од 50 евра = 50 евра

1 апоен од 20 евра = 20 евра

или 218.270 евра

Ама, тука не е крајот! ЛИЛА ,,цркала,,, вриштела и пиштела по НОРНИЛДОВИ дека изгубила на курсна разлика, па дополнително на 6 јули 2017 на сметката пак од ,,ДАН МАК,, примила 1.979.200 денари кои пак веднаш ги подигнала и ги конвертирала во 32.000, па така добила вкупно 250.270 евра, кои му ги предала на СТЈЕПАН од Хрватска. Според сите мои сознанија, ова се парите со кои е основан ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,, и со кои е организиран оној гламурозен собир во хотел ,,АЛЕКСАНДАР ПАЛАС,, во Скопје и пари кои се почетен капитал за ,,1ТВ,,.

За мене, индикативно е што Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција овие трансфери ги ПРЕСПАЛЕ или пак некој моќен од сенка дал сигнал да се ќути и да не се реагира. Било кој смртник од Република Македонија да направи нешто слично, да прими или испрати пари, во десеткратно помал износ отколку овие 250.270 евра, веќе следните неколку часа ќе биде баран под земја и камен, приведен на распит и процесуиран. На ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА до денес баш никој ништо не и може, иако Даниел и Ена Норнилд за измама против неа поднеле кривична пријава и ова што ви го пишувам го навеле во содржината на пријавата.

Иронија на судбината е податокот дека НЕРЕАКЦИЈАТА на институциите довела подоцна до ова што денес си го викаме ,,РЕКЕТ,,. Она што ниедна институција не го спречила, денес на делчиња се процесуира, со тројца обвинети и сурија нивни соучесници кои на овој или оној начин се спасиле и или соработуваат и кодошат по кулоари или имаат политичка заштита поради примената на овдешното сфаќање на примена на селективна правда…

И денес не е доцна Управата за финансиско разузнавање и Финансиска полиција да почнат со расветлување на позадината на договорот на ,,ДАН МАК,, и ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА…“