Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако нејзиниот приватен живот се чува во тајност, Јана Бурческа, јавно пред цел аудиториум му кажа „да“ на нејзиното досегашно момче, гитаристот Александар Филиповски, па така македонската евровизиска експедиција не остана без впечатлив ефект, иако Македонија и оваа година не се пласираше во финалето, а важеше за фаворит меѓу евровизиските фанови.
Водителите искоментираа дека ова е прв пат по 62 изданија на Евровизија, да има запросување за време на фестивалот. Никој, па дури ни Бурческа не очекуваше ваков чекор од страна на Филиповски.
Јана и Алексадар се во врска веќе две години, а очекуваат и дете, информација која се дозна пред евровизискиот настап на Бурческа.
Прв финалист на 62. издание од Евровизија е Бугарија, по неа Белорусија и Хрватска. Пласман во финалето обезбедија и Унгарија, Данска, а по нив на табелата се појави и Израел. Скоро па секогаш, а така и сега, место во финалето зазема и Унгарија.
Норвешка иако не беше фаворит на ова издание од Евровизија се пласираше во финалето заедно со Холандија. Последото место го зазема Австрија.