Advertisements
Видео

Буквално ја скина мрежата: Судијата не му веруваше дека постигна гол (видео)

Турскиот фудбалски гигант Бешикташ безмилосно го полнеше голот на противничкиот тим Ризеспор и оствари убедлива победа од 7:2. А фудбалерот Гивен Јалчин, со бомба од удар упатен од 20-тина метри, буквално ја скина мрежата од голот на Ризе, постигнувајќи фантастичен гол.

Но, поради тоа што бомбастичниот удар буквално ја скина мрежата, судијата прво не му верууваше дека постигнал гол и не сакаше да досуди погодок пред да се консултира со помошниците.

Судијата помисли дека фудбалерите од Бешикташ бараат признавање на „фантомски гол“ мислејќи дека топката минала крај голот, бидејќи таа, откако ја скина мрежата, удри во рекламите зад голот. Дури потоа го убедија дека Јалчин постигна еврогол.

Advertisements

Најпопуларно

To Top