Актуелно

Бујар Османи си гази на црвено со службениот Пасат (видео)

Вицепремиерот за европски прашања во Владата на Македонија, Бујар Османи, од граѓаните беше снимен како со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по ,„островот” позициониран на сообраќајницата.

На снимката која беше објавена и масовно споделувана на социјалните мрежи, граѓаните бомбардираа со коментари од незадоволство и револт дека за функционерите не важат законите, или дека вака никогаш нема да влеземе во Европа. Видеото го сподели Фуркан Салиу со коментар: „Кога си со службено возило законите не вaжaт за тебе“.

Advertisements
To Top