Бугарското МНР апелираше Рама да си го прилагоди речникот, Рама им врати во свој стил: „Кренете го ветото или издржете ме“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Рама во изјавата за новинарите од Бугарската национална телевизија во Брисел рече: „Вие сте срам и хаос, момци. Срамота е што земја членка на НАТО киднапира други две земји членки додека во задниот двор на ЕУ има жешка војна…и секако, не е добро да се види дека останатите 26 држави седат мирно, покажувајќи немоќ“, на оваа изјава реагираа од Бугарското Министерство за надворешни работи.

„Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Сепак, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада“, стои во соопштението на Бугарското министерство за надворешни работи како одговор на изјавата на Рама.

-Жолчните квалификации со толку ниско јазично ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ, се вели во ставот на бугарското МНР.

-На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме на одржување на добар тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР.

Албанскиот премиер Еди Рама веднаш реагираше на соопштението од Бугарското министерство за надворешни работи кое побара од него да го прилагоди вокабуларот и изразувањето.

-Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Пријатели: Кренете го ветото или издржете ме!, напиша Рама на Твитер.

Претходно бугарското МНР побара албанскиот премиер „да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

-Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада. а ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР.