Бугарскиот претседател Радев утре на ГЕРБ ќе им го предаде мандатот за формирање влада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вториот мандат за формирање влада на Бугарија претседателот Румен Радев утре ќе го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) .

Од неговиот кабинет соопштија дека мандатот ќе го предаде во 9.30 по локално време, пренесува БГНЕС.

Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Даниел Митов повторно ќе го прифати и ќе го врати досието на претседателот.

Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се споредуваат.