Бугарскиот премиер Петков тврди дека не потпишал никаков договор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нема никаков документ кој што јас сум го потпишал од бугарска страна, вели бугарскиот премиер Кирил Петков пред утрешната посета на Битола за информациите дека во Македонија има потпишан документ од бугарска страна.

„Одам за да ја покажам задачата на бугарската влада да биде поддржана бугарскста заедница во Македонија. Верувам дека и Владата на РС Македонија исто така е свесна колку голем приоритет е тоа за Бугарија и заедно работиме на тоа да го издигнеме приоритетот на овие луѓе во македонското општество“, изјавил Петков.

Според него, фактот дека утре ќе има многу луѓе од различни партии ја покажува поддршката за бугарската заедница.

„Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РС Македонија треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме во таа насока“, рече Петков.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Костадин Костадинов од партијата Преродба, в сабота ќе присуствуваат на отворањето на културниот клуб на Здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола.