Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, и шефицата на неговиот кабинет, Лена Бориславова, се во карантин, откако претседателот на Собранието Никола Минчев испадна позитивен на тест за ковид-19 по вчерашниот Советодавен совет за национална безбедност.
„Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив“, соопшти владината прес-служба, појаснувајќи дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.
Инаку, Петков најави дека на 18-ти јануари ќе пристигне во земјава на средба со идниот македонски премиер Димитар Ковачевски, чија влада треба да биде избрана во собранието 2 дена порано.