Home Актуелно Бугарската влада прва даде одобрение на Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Бугарската влада прва даде одобрение на Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Владата на Република Бугарија прва го одобри нацртот на Протоколот за приклучување на Македонија во Северно-атлантскиот воен пакт.

Истовремено, како што објави БГНЕС, Владата го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише пристапниот Протокол.

Инаку, Бугарија беше и правата земја која ја призна Македонија како независна држава во 1992 година.

Откако во Брисел амбасадорите на сите земји членки ќе го потпишат Протоколот, тој треба да биде ратификуван во сите национални парламенти. Според најавите, грчкиот Парламент ќе биде првиот што ќе го ратификува, а, според пишувањето на „Еурактив“ тоа може да се случи до 8 февруари. Не се исклучува забрзано ратификување на Протоколот во земјите членки, по што Македонија би можела да стане членка дури и ова лето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…