Актуелно

Бугарката Кристалина Георгиева официјално избрана за нов шеф на ММФ

Вчера, среда, и официјално беше потврден изборот на бугарската економистка Кристалина Георгиева за нова шефица на Меѓународниот монетарен фонд (IMF). Кристалина е првата личност надвор од Западна Европа која го презеде раководството на тој трилион долари вреден светски заемодавател.

Георгиева е политичарка од десниот центар која пораснала во Бугарија за време на комунизмот, а својата репутација ја изградила на функцијата извршна директорка на Светската банка која ја врши од 2017 година. Пред тоа беше потпретседателка на Европската комисија задолжена за буџет и човечки ресурси.

Позната е како директна личност, промотор на родовата еднаквост и борбата против климатските промени.
На новата позиција ја чекаат голем број предизвици, како забавување на растот на светската економија поради ескалација на трговските тензии помеѓу САД и Кина.

„Се запалија предупредувачките светла и мораме да бидеме подготвени за тестирање“, изјави 66-годишната Бугарка по нејзиното назначување во седиштето на Фондот во Вашингтон.

Покрај економските проблеми, Георгиева ќе мора да се справи и со тоа што САД, кои имаат најголемо право на глас во одборот на ММФ, кој повлекоа серија мултилатерални договори, како и ризиците во брзорастечките економии како Аргентина која минатата година од Фондот добија рекордна финансиска помош од 57 милијарди долари.

Георгиева истакна дека нејзиниот приоритет ќе биде да им помогне на 189-те земји членки да ги минимизираат ризиците. Истакна дека Фондот ќе биде пријателски расположен кон сите членови, без оглед на нивната големина.

Таа имаше голема поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон, а минатиот месец ја поддржаа и други земји на Европската унија, како и САД.

Георгиева е втора жена на чело на Фондот, заедно со Кристин Лагард од која ја презеде функцијата и која стана директорка на Европската централна банка. Досега на чело на ММФ беа пет Французи, двајца Швеѓани, и по еден Белгиец, Холанѓанец, Германец и Шпанец.

Advertisements
To Top