Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бугарскиот обвинител Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов кои работат на истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, на нивното гостување на бугарската телевизија БТВ соопштија дека се познати причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот.
Позната е причината за пожарот и местото каде тој првично се појавил во автобусот со македонски туристи на автопатот „Струма”, на враќање од туристичкото патување во Истанбул, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата.
Маринов одби јавно да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа „ќе им остави на експертите” кои веќе имаат свои „тези”.
Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „закачено” големо парче од заштитната ограда за гумата до влезната врата, било пронајдено и парче „свиткано како хармоника” и „уништена е пластичната цистерна”.
„Можете да замислите какво триење и искри имало”, рече Михаилов.
Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „репариран” во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни кои од деловите биле оригинални, фабрички, а кои не.
Двајцата експерти кои вечерва говореле за БТВ само ги повторија претпоставките кои пред една недела на прес-конференција ги соопштија претставниците на бугарското Обвинителство.