Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата европска комесарка Марија Габриел, која беше претставник во политичките преговори во Бугарија од редовите на конзервативците, најави компромис со либералниот табор за формирање „стабилна влада“ и избегнување нови избори по две години застој.
„Сите направивме многу отстапки“, кажа таа прес конференција во Софија.
44-годишната функционерка, која минатата недела поднесе оставка на функцијата во Брисел, прво ќе биде потпретседателка на владата, предводена од 60-годишниот истражувач Николај Денков, кого го избра либералната коалиција.
Потоа по девет месеци таа ќе го преземе водството на владата.
„Баравме решение за да ја избегнеме реалната опасност од нови избори“, кажа Денков на истата конференција за новинари со Марија Габриел.
Бугарија, најсиромашната држава во Европската Унија на 2 април ги одржа своите петти парламентарни избори во две години. По тие избори различните политички партии не успеаја да се договорат.
Како што оценуваат аналитичарите, владата не е формирана и поради острата поларизација меѓу партиите, а недоволната сила на секоја од нив спречуваше формирање стабилна влада.
Со исклучок на краткиот период на власта на либералите, Бугарија доживеа низа привремени влади именувани од претседателот на државата.
Откако на последното гласање дојде на првото место, конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов ја именуваше Марија Габриел на 10 мај да најде решение.
Габриел беше пратеничка на Европскиот парламент, потпретседателка на Европската народна партија (ЕПП), најголемата група во ЕП, и комесарка во два мандати.