Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Уапсени се четворица бугарски навивачи поврзани со расистичките извици и нацистичките поздрави на мечот со Англија, соопштуваат бугарските власти.
На натпреварот за квалификации за Европското првенство, бугарски навивачи упатуваа навреди кон црните играчи на Англија, а имаше и нацистички салутирања.
Натпреварот два пати беше прекинуван поради тоа, се очекува УЕФА ригорозно да ја казни Бугарија поради настаните.
Бугарија почна да превзема конкретни мерки за расчистување на скандалот. Информациите од таму велат дека полицијата уапсила четворица кои се сомничат дека се дел од оние кои упатувале расистички навреди кон англиските фудбалери. Се очекува акцијата да продолжи и бројот на приведени да се зголеми.