Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според пишувањата на угледниот медиум „Политико“, повикувајќи се на информации од висок европски дипломат, бугарскиот амбасадор на вчерашниот состанок со своите колеги од земјите членки на Европската Унија на маса ставил компромис за надминување на споровите меѓу Македонија и Бугарија.
Понудата, според она што е објавено, содржи размена на признавања.
„Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, С. Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“.
Официјална потврда на информациите нема ниту во Софија ниту во Скопје, но содржината на предлогот меѓу редови се чита и од последната изјава на шефица на бугарската дипломатијата.
Предлог засега официјално, според премиерот Заев и претседателот Пендаровски, не е доставен до македонските власти и не би можеле да коментираат колку тој е прифатлив. Но, премиерот уште еднаш изрази подготвеност за компромис и ги охрабри работните групи и историската комисија да продолжат на изнаоѓаање решенија за отворените спорови.
Како неофицијален рок за договор се наметнува 10 ноември, кога треба да биде усвоена преговарачката рамка за преговорите да почнат во декмеври. Засега Бугарија нема поддршка за своите барања, но никој не може да гарантира дали тоа ќе ја спречи Софија да посегне по вето..