Home Актуелно Бугарија јавно ќе ги објави сите имиња на македонски државјани кои досега добиле бугарски пасоши – отсега истите ќе се доделуваат јавно

Бугарија јавно ќе ги објави сите имиња на македонски државјани кои досега добиле бугарски пасоши – отсега истите ќе се доделуваат јавно

Измените на Законот за бугарско државјанство со кои регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавен се на чекор од усвојување во бугарското собрание, а отсега јавна ќе биде и церемонијата на доделување државјанство.

Измените поминаа прво читање во парламентот, откако „за“ гласаа 180 пратеници. Наскоро ќе биде и гласањето по второто читање, по што законските измени ќе стапат во сила.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека меѓу 120-те илјади граѓани на Македонија кои добиле бугарски пасош има многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри и градоначалници.

„Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во изминатите 22 години врз база на доказ од самите нив на бугарско потекло и декларација за бугарско самоопределување, ќе бидат јавно објавени. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, градоначалници, шефови на служби, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции затоа што се чувствуваат Бугари. Тие пак што се ‘принудени’ да се преправаат дека се јавни бугаромрзци само за да го прикријат своето бугарско потекло и самоопределување, веќе нема да имаат причина да го прават тоа“, напиша Ковачев на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…