Бугарија има најефтина работна сила, Данска најскапа!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најскапата работна сила во земјите на Европската унија (ЕУ) минатата година била во Данска и Белгија, а најевтина во Бугарија и Романија, според објавените податоци на европската служба за статистика Евростат.

Цената на работната сила по час во ЕУ во просек изнесува 25,4 евра, а во еврозоната 29,8, се наведува на официјалната интернет страница на Евростат.

Меѓутоа, цената на работата е доста неизедначена меѓу земјите-членки на ЕУ, оценува Евростат.

Највисока цена за работа по час минатата година била забележана во Данска – 42 евра, потоа во Белгија 39,2 евра, Шведска 38 евра, Луксембург 36,6 евра и Франција 35,6 евра.

Најевтина цена за работа по час била забележана во Бугарија 4,4 евра, потоа во Романија 5,5 евра, Литванија 7,3 евра, Летонија 7,5 евра, Унгарија 8,3 и Полска 8,6 евра.

Минатата година, цената за работа по час во индустријата во просек изнесувала 26,6 евра во ЕУ, а во еврозоната 32,6 евра, во услужниот сектор 25,8 евра, односно 28,7 евра, а во граѓанскиот сектор 23,3 евра и 26,1 евро.