Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновите статистички податоци на Eurostat укажуваат дека Хрватска е втора најсиромашна земја во Европската Унија, а полоша од неа во поглед на сиромаштија е само Бугарија.
Хрватска е на самото дно на листата во Европската Унија кога станува збор за потрошувачката по жител во 2019 година, откриваат податоците на Eurostat.
Податоците покажуваат и дека девет земји членки според критериумот на материјална добросостојба на домаќинствата се над просекот на ЕУ.
Најбогат е Луксембург, кој е 35 отсто над европскиот просек, а следи Германија со 22 отсто.
Во групата земји во кои индивидуалната потрошувачка е од девет до 18 отсто над просекот на ЕУ се Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска.
Во таа група не е Романија, но е пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година. Според новите податоци за 2019 година, Романија е на 79 отсто од просекот на ЕУ, а Хрватска на 66 отсто.
Романија се изедначи со Полска, а ја престигна и Грција, која според потрошувачката е на 78 отсто од просекот на ЕУ.