Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
14-дневниот задолжителен карантин за оние што влегуваат во Бугарија од Македонија продолжува да важи и по 1 јули, објави бугарскиот национален здравствен инспектор Ангел Кунчев за време на посетата на Ќустендил.
Повеќе од 15.000 лица од Македонија регистрирани на адреси во Ќустендил имаат двојно државјанство. Тие очекуваа дека мерката ќе биде укината на 1 јули и дека ќе можат да влезат во Бугарија за административни услуги, за да платат даноци или за други цели, објавија бугарските медиуми.
„Имавме големи надежи дека од 1 јули ќе има паневропско решение, но за жал има многу големи разлики во мислењата на земјите од ЕУ. Сигурно е само дека оние што доаѓаат од земјите најпогодени од коронавирусот – САД, Русија, Бразил и Индија – нема да бидат примени во ЕУ“, додаде Кунчев.