Буфон откри зошто одлучил да се врати во Парма: „Имав понуда и од клуб кој игра во Лига на шампионите, но…“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голманската и фудбалска легенда Џанлуиџи Буфон од неодамна и официјално се врати во Парма. Славниот италијанскиот голман ќе ја заврши кариерата во клубот каде што ја започна.

Сега Буфон откри дека тој имал понуди од два топ клубови, меѓутоа се одлучил да игра повторно во Парма.

„Парма ми го понуди она што другите не можеа. Имав понуди од два клуба, еден од нив играше и во Лигата на шампионите. Сепак, јас се изморив да бидам резерва. На крајот и за овој клуб чувствувам посебни емоции“, изјави Буфон.