Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џанлуиџи Буфон по само една сезона помината во ПСЖ реши да го напушти францускиот шампион.
Легендарниот италијански голман иако веќе има 41 година не планира да стави крај на кариерата и бара нов предизвик.
Буфон откри дека ПСЖ му понудил улога на втор голман за следната сезона, па поради тоа го напуштил „Паркот на Принцовите“.
„ПСЖ пред пет месеци ми кажа дека ќе ја добијам улогата на втор голман во новата сезона. Од јануари имав многу време да размислам и дојдов до заклучок дека тоа не е за мене. Нивното барање беше легитимно и разбирливо, па и понудата беше примамлива. Меѓутоа, такво нешто не е за мене“, откри Буфон.
Потоа Буфон го прокоментира и враќањето на Антонио Конте во Италија и тоа во редовите на големиот ривал Интер.
„Бев многу вознемирен кога фановите бараа да се тргне ѕвездата на Конте од стадионот само затоа што отиде во Интер. Јас припаѓам на „светот Јуве“ и знам дека тој не е предавник, туку професионалец. Неговото враќање во Италија е многу важно, исто како што е важно за италијанскиот фудбал враќањето на Малдини и Бобан“, заклучи Џиџи.