Буфон „остава отворено“: Не знам дали ќе се пензионирам после Мундијалот во Русија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


39-годишниот италијански репрезентативец и голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека не е сигурен дали ќе ја заврши професионалната играчка фудбалска кариера после настапот на Светското првенство во Русија, 2018 година.

Буфон го очекува илјадитиот натпревар во кариерата како голман на Италија во квалификацискиот натпревар за Светското против Албанија. На конференција за медиумите зборуваше за тоа дека уште размислува да ја заврши кариерата после мундијалот.

„Не знам, сега само размислувам за натпреварите кои следат. За останатото ќе видиме, во животот постојат цели. Важно е да победуваш, а кога победуваш постои ризик да се ’изгориш‘. За нештата размислувам смирено, не сум сигурен што ќе се случи. Големо е задоволството да се одигра илјадитиот натпревар, но можам да ви речам дека ќе има уште после него“, изјави Буфон.

За репрезентацијата на Албанија рече: „Ги почитуваме, покажаа дека имаат добра екипа. Добро играа на Европското првенство. Наша цел е да победиме, па не размислуваме за дуелот со Шпанија“.