Буенос Аирес на нозе, доаѓа „Гладијаторот“ од Рим


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Рома, Даниеле де Роси реши да не оди во пензија и ќе ја прифати понудата на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

„Скај Италија“ тврди дека Де Роси веќе кажал конечно ДА и во наредните денови треба да пристигне во Буенос Аирес да го финализира трансферот.

36-годишниот Италијанец имаше понуди од Фиорентина, Болоња, Лос Анџелес и од јапонски клубови, но никогаш не ги криел симпатиите кон Бока Јуниорс.

Олеснителна околност е што во Бока спортски директор е поранешниот негов соиграч, Николас Бурдисо. Тие се блиски пријатели, и уште во средината на мај, Бурдисо самиот објави дека вратите на Бока се „широко отворени за играчи од калибарот на Де Роси“.

Легендарната „Бомбониера“ ќе добие нов „Гладијатор“, а навивачите сигурно ќе му приредат пречек за паметење.