Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна вчера попладне запопчна да исфрла лава.
Ерупцијата започнала околу 19 часот, а од вулканскиот кратер се уште излегува чад. Ерупцијата што се случила на југоисточниот кратер може да се види и со голо око од сицилијанските градови Катанија и Таромина.
На видео снимките поставени синоќа на социјалните мрежи се гледа црвена лава која лета во воздухот.
Вулканолозите оваа ерупција ја карактеризираат како експлозивна, што значи дека лавата и пепелта се исфрлаат со голема сила.
Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија ерупцијата моментално не претставува опасност за населението и за имотот. Во функција е и аеродромот во Катанија кој се наоѓа во непосредна близина.
Етна на Сицилија се наоѓа во речиси непрекината активна состојба, што значи дека често го менува обликот во однос на кој било друг вулкан.
Во текот на еден таков налет во јануари за кратко беа евакуирани локалните училишта.
Заедно со Везув, Етна е еден до 16 вулкани во светот означени од страна на ОН како вулкани на кои им се пристапува студиозно поради честата активност и судтина на населението кое живее во нивна близина.