Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Истражување на јужнокорејски научници сугерира дека изложеноста на бучава во текот на сонот има негативно влијание врз плодноста на мажите.
Научници од Универзитетот во Сеул заклучиле дека изложеноста на бучава во текот на сонот може да има хронично стресно влијание врз организмот, па така да ја редуцира плодноста.
Во нивната студија биле користени податоци за околу 206.000 испитаници на возраст од 20 до 59 години. Изложеноста на бучава била пресметана врз основа на адресите на живеење на учесниците во истражувањето.
Според податоците собирани 8 години, мажите кои ноќе биле изложени на бучава посилна од 55 децибели, имале просечно 14 отсто поголем ризик за дијагноза за неплодност.
Се работи за бучава која на пример ја произведуваат климатските уреди.
Претходните истражувања спроведени на жени, изложеноста на бучава ја поврзале со зголемен ризик за прерано породување и спонтан абортус.