Бубања: Против Работнички да ја повториме играта од Струмица!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Фудбалерите на Победа ги очекува второ врзано гостување во оваа средишна фаза од вториот круг на шампионатот. По победата во Струмица во претходното коло над А.Пандев(1-0) прилепчани гостуваат на Работнички во 15-тото коло на Првата лига.

Шефот на Стручниот штаб на Победа Славољуб Бубања ја пренесува атмосферата во екипата и очекувањата од овој меч.

„Поразот од Пелистер во Купот малку не поремети но тоа е веќе зад нас. Фудбалерите паузата ја искористија малку да се освежат а оваа недела максимално тренираа и подготвено го дочекуваат утрешниот натпревар. Гледајќи неколку мечеви на Работнички увидов дека е тоа екипа која има добар баланс. Тоа е спој на неколку доста искусни фудбалери со млади играчи. Забележав дека мојот колега доста ротира во составот. Играат агресивен фудбал и по мене тоа е можеби екипа која најмногу трча од сите прволигаши. Сигурно не очекува тежок натпревар но ние не се предаваме. Напротив одиме за Скопје со желба да го повториме резултатот од Струмица“.

„Знам дека ќе биде тешко но фудбалерите се подготвени и верувам дека ќе дадат се од себе да избориме позитивен резултат кој доста би ни значел во оваа фаза од првенството. Откако дојдов во Победа само 3 пати игравме дома, од тоа со Вардар и Шкендија-како изразити фаворити и еден условно полесен натпревар со Скопје, кој не е во најквалитетните тимови во лигата. Позитивен резултат против Работнички би бил од големо значење за нас и со него многу полесно би влегле во останатите 3 натпревари до крајот на полусезоната од кои двапати играме дома со Силекс во недела и во последното коло со Ренова, а имаме уште едно гостување на Скопје“, изјави Бубања.

За дуелот со Работнички во комбинација се сите фудбалери освен Карчески, кој ќе паузира поради 5 жолти картони. Кај домаќинот пак нема да настапат стоперите Садики и Рашо.