Бубања ја напушти Победа – Крчмаревиќ нов тренер на прилепчани!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По денешниот состанок со клупското раководство досегашнот Шеф на Стручниот Штаб на Победа Славољуб Бубања, поради здравствени причини се повлече од функцијата.

Прилепскиот клуб за негов наследник утре ќе го официјализира ангажманот на 53-годишниот српски стратег Слободан Крчмаревиќ.

„Се заблагодарувам на соработката на сите во клубот, на соработнците, на фудбалерите на беспрекорната соработка целиот изминат период и посебно на навивачите, од кои имав подршка како никаде каде сум работел досега. Жал ми е што не освоивме повеќе бодови(оваа пролет само 3 од 15 можни), но сигурен сум дека Победа од оваа ситуација ќе излезе уште посилна и дека ќе го обезбеди опстанокот во Првата лига. Тоа го посакувам од се срце на клубот, ќе ги следам неговите настапи а Победа секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Бубања.

Новиот тренер на прилепчани Слободан Крчмаревиќ(53 години) од 2006 година поседува УЕФА ПРО лиценца. Последен негов ангажман беше во клубот Ал Рифа во Бахреин, а во неговата досегашна кариера како тренер работел во:Рудар Велење-Словенија, Докса-Кипар, Медина-Либија, Жетсу-Казахстан, селектор на У-21 репрезентацијата на Казахстан, Анортозис Фамагуста и Аполон Лимасол-Кипар(Куп трофеј 2009/2010), селектор на У-21 репрезентацијата на Србија(6-то место на ЕП), ОФК Београд –Србија(куп финале 2006-пораз од Ц.Звезда 2-4 во продолжение и 3-то и 5 место место во првенството со два пласмани во Куп на УЕФА) и во младите категории во Партизан и ОФК Београд.

Како играч Крчмаревиќ кариерата ја започнал во Партизан (шампион 1992/93 и куп трофеј 1991/92), настапувал и за ОФК Београд, а интернационална кариера градел во АИК Стокхолм(Шведска), Аполон Лимасол (шампион на Кипар 1993/94), и Анортозис Фамагуста(со кој двапати 1997/98 и 1998/99 е прогласуван за најдобар играч во кипарската лига) ПАОК и Паниониос(Грција). ФК Победа изразува благодарниот на досегашниот тренер Бубања за негова професионална работа во клубот и му посакува успех во натамошната кариера.